Ѓорѓевиќ: Дуда, вечно ќе ти бидам благодарен за сите лекции, совети, несебичната поддршка и пријателство

Европската кошарка денеска е завиена во црно откако од Србија пристина информацијата за смртта на Душан Дуда Ивковиќ. Прославениот српски стратег починал рано утрово во болница во Белград, по што од него преку социјалните мрежи се простуваат бројни кошаркарски легенди.

Еден од нив е и поранешниот селектор на Србија, Александар Ѓорѓевиќ кој имаше емотивна порака до неговиот ментор.

„Замина еден од најголемите. Вечно ќе ти бидам благодарен за сите лекции, совети и несебичната поддршка и пријателство. Нека ти се лесни небесните висини. Почивај во мир“, порача Ѓорѓевиќ кој потоа додаде:

„Смех, шарм и џентлменство – ретки моменти бевме ривли… обично заедно освојувавме медали. Почивај во мир МЕГАЛЕ“.

Се вчитува...