Договорот на Антонио Рудигер со актуелниот првак на Европа истекува на крајот на сезоната, а германскиот репрезентативец и Челси сеуште немаат најдено заеднички јазик за продолжување на соработката.
Рудигер кој блесна под водство на Томас Тухел се постави како еден од најдобрите играчи во тимот, а во негово присуство на теренот Челси успеа 20 од 23 пати да ја сочува мрежата недопрена. Со тоа 28-годишниот стопер ги сврте погледите на големите клубови, а последен кој се приклучи во трката за неговите услуги е Тотенхем.
Лондонскиот клуб сака да го примами Германецот во своите редови со понуда од 200 илјади фунти неделно. Со оглед на ривалството кое владее помеѓу овие два клуба нема да биде чудно доколку Челси експресно не ја израмни оваа понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА