Солскјер: За Кавани да го одигра својот најдобар фудбал, треба да се опорави 100%

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за напаѓачот Единсон Кавани, па откри кога ќе може да се врати на терените. Уругваецот претходно се повреди на пријателскиот натпревар против Стоук Сити, кој се одигра зад затворени врати.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ изјави дека Кавани мора да се опорави максимално за да може да го одигра својот најдобар фудбал.

„Се надеваме дека Единсон Кавани ќе започне со тренинзи со тимот овој викенд, или можеби во понеделник. Можеби тој ќе излезе на терен во среда. Кавани имаше неверојатна измината сезона. Кога беше во форма, имаше огромно влијание врз играта. Но, на почетокот на оваа сезона, тој се повреди. За Кавани да го одигра својот најдобар фудбал, треба да се опорави 100%. Ние не го брзаме. Имаме силен состав за да се справиме со отсуството на повредените играчи. Кавани со нетрпение очекува да се врати на теренот, работи многу напорно“, изјави Солскјер.

Инаку, во среда, 22 септември, Манчестер Јунајтед ќе игра против Вест Хем Јунајтед во Лига Купот на Англија.

Се вчитува...