Поранешниот македонски селектор Влатко Костов е нов шеф на стручниот штаб на Тиквеш.
Костов на клупата на кавадарчани доаѓа на местото на Пане Блажевски кој спогодбено се договори за разделба со прволигашот по неубедливиот старт на сезоната.
„Благодарност до Пане Блажевски за досегашната соработка, посакуваме негов успех низ следните предизвици“ – информираа од Тиквеш.
Костов на клупата на Тиквеш официјално се очекува да седне следниот натпреварувачки викенд, по комплетирањето на неопходната документација за преземање на клубот. Во 7. коло од ПМФЛ в недела тимот против Брегалница во Штип ќе го предводи Маџунаров.
Влатко Костов е поранешен тренер на Осогово, Куманово, Брегалница, Хоризонт Турново, Работнички и Ренова во Македонија како и Ал Раед, а беше и асистент на Мирсад Јонуз на клупата на македонската репрезентација од 2009 до 2011 година. На неколку натпревари беше и предводник на националниот тим во 2010 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА