Ракометарите на Вардар ја запишаа и втората победа во Суперлигата откако очекувано славеа со убедливи 40-26 над Радовиш во СЦ „Јане Сандански“. „Црвено-црните“ победа ја осигураа уште во првиот дел од првото полувреме, а римот на избраниците на Вујошевиќ продолжи и до самиот крај.
Гостинскиот состав беше конкурентен само на отварањето на мечот, а Вардар работите ги зема во свои раце со серија од 8-1 со која стигна до првата висока предност. Домаќините продолжи со одличното темпо и до полувремето на кое водеа со 20-7, а ритамот на скопјани не опадна ниту до самиот финиш на мечот.
Со шест гола најефикасен играч на натпреварот беше Ален Ќосевски, додека него го следеа Јагуриновски, Валчак и Чувара со по пет гола кај домаќините. Кај Радовиш по пет гола постигнаа Здравко Постолов и Кристијан Ристов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА