Халанд – „машината за голови“, за триумф на Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд ја запиша и четвртата победа на стартот од Бундеслигата, нанесувајќи го првиот пораз за Унион Берлин во 5. коло од шампионатот.

Норвешката „машина за голови“, Ерлинг Халанд беше најзаслужниот за триумфот од 4-2 постигнувајќи два погодоци.

Откако најпрво Гуереиро во 10. минута ги донесе „милионерите“ до предност, потоа Халанд во 24. минута го постигна својот прв погодок на мечот.

Во второто полувреме, со автоголот на Фридрих во 52. минута, беше веќе 3-0 за Борусија Дортмунд. А, откако гостите намалија на 3-2 преку Крусе и Фоглсамер, Халанд во 83. минута ги постави конечните 4-2.

Се вчитува...