Партизан не успеа да слави во 165. вечно дерби со Црвена Звезда во српскиот шампионат и покрај тоа што беше и тоа како блиску до трите бода. Во извонреден амбиент во Белград, Црвена Звезда успеа да извлече бод (1-1) со голот на Катаи во 83. минута од средбата.
Во главно израмнет натпревар во кој Црвена Звезда имаше две одлични можности прва да дојде до предност, сепак црно-белите беа тие кои во првиот дел постигнаа гол. Натхо со прекрасен удар од 22 метри ја затресе мрежата во 36. минута за 1-0.
Natho😍🔥🖤🤍👑 pic.twitter.com/FcL9fvCLOe
— Grobarka (@ima1tim) September 19, 2021
Во 49. минута Партизан постигна уште еден гол, но беше поништен по консултација со ВАР-системот поради прекршок.
Кога се чинеше дека Партизан ќе ја однесе победата, Црвена Звезда во 83. минута преку кој друг ако не Катаи дојде до конечните 1-1.
Партизан по ова реми ја задржа предноста од два бода на врвот од табелата во Суперлигата на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА