Стоперот на актуелниот првак на Европа, Антонио Рудигер е еден од најбараните играчи на трансфер пазарот. Договорот на Германецот со Челси истекува на крајот на сезоната, а со фантастичните настапи 28-годишникот ги привлече погледите на европските великани кои со „богатство“ ќе се обидат да го примамат во своите редови.
За неговиот потпис се заинтересирани Барселона, Јувентус, Милан, но и Баерн Минхен, кој се наметнува како лидер во трката. Добро познато е дека минхенскиот клуб има „предност“ за германските играчи кои во текот на својата кариера завршуваат на „Алијанц Арена“, а сериозна заинтересираност има и од тренерот Јулијан Нагелсман.
Рудигер е дел од Челси од 2017 година кога за 35 милиони пристигна од редовите на Рома и досега одигра 156 натпревари за „сините“ во сите конкуренции, a беше стрелец и во последниот натпревар против Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА