Фудбалскиот клуб Вардар и менаџерот на „црвено-црните“, Горан Симов договорија прекин на меѓусебната соработка, вака гласи соопштението на ФБ профилот на ФК Вардар.
Фудбалскиот клуб од Скопје викендот запиша уште еден пораз, откако на гости загуби во Велешта, па по серијата лоши резултати епилогот е раксин на меѓусебниот договор.
„Клубот се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар, и му посакува среќа во понатамошниот тек на неговата кариера. Функцијата в.д шеф на стручен штаб ќе ја извршува досегашниот помошник Никола Глигоров“, вака пишува во соопштението на ФК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА