Едно сребро и три бронзи за македонските кикбоксери од Светскиот куп во Будимпешта (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските кикбоксери се вратија со едно сребро и три бронзени медали од Светскиот куп кој изминативе денови се одржа во Будимпешта.

Со сребро се закити Миа Тодорова од КБК Шампион, во дисциплината Лоу Кик, додека бронзени медали освоија Филип Ризов од КБК Кавадарци, исто така во Лоу кик, Иле Левков од КБК Лидер – Виница и Туркер Исмаил од КБК Шампион во Кик-Лајт.

Иван Кукуновски од КБК Шампион, кој се боресе во дисциплината Кик Лајт, за малку остана без медал.

На Светскиот куп учествуваа 3040 натпреварувачи од 45 земји од 288 клубови.

 

Се вчитува...