Анчелоти: Светско првенство на секои две години? Па подобро да се игра секоја година…

Идејата за одигрување на Светско првенство во фудбал на секои две години за која прв проговоре Џани Инфантино, а потоа и Арсен Венгер наиде на остри критики во јавноста и од ден за ден добива се повеќе протиници.

Еден од нив е и Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид кој сега проговоре на оваа тема за која вели дека е бесмислена.

„Светско првенство на секои две години? Па кога веќе тргнавме во тој смер најдобро е да играме секоја година. Густиот распоред на натпревари е огромен проблем во фудбалот. Нешто мора да се промени. Се играат натпревари кои немаат никаква смисла. ФИФА и УЕФА мораат да размислат на таа тема. Преголем е притисокот врз играчите и тоа мора да се реши час поскоро“, изјави италијанскиот стратег.

Се вчитува...