Дарко Ѓукиќ неколку сезони го носеше дресот на Брест Мешков, па по една година мината во Спортин Лисабон реши да потпише договор со Вардар.
Српското десно крило ќе биде дополнително мотивирано за утрешниот дуел со поранешниот клуб, на кој очекува жестока борба од почеток до крај.
„Шансите се речиси еднакви за двата тима. Можеби ние имаме мала предност поради фактот дека се дозволени навивачи на трибините, па публиката ќе биде наш адут за триумф. И двете екипи се силни, но Брест го има Сташ Скубе, кого ќе мораме да го запреме ако сакаме да се радуваме на победата“, истакна Ѓукиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА