Проблеми за Реал: Карвахал на принудна пауза

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Даниел Карвахал, можно е да биде еден месец надвор од терените поради повреда што ја заработи на натпреварот од 5.коло на Шпанската Примера против Валенсија. Карвахал беше подложен на лекарски преглед за да се утврди сериозноста на повредата, но на барање на играчот, клубот нема да ги објави деталите за извештајот на лекарите.

Според изворот, Карвахал ќе мора да паузира еден месец поради повреда. По натпреварот против Валенсија, тренерот Карло Анчелоти рече дека на дефанзивецот имал проблем со мускул во ногата.

Да потсетиме, шпанскиот дефанзивец беше заменет во 26. минута од натпреварот со Валенсија. Средбата ја доби Реал Мадрид со превсрт во финишот со 2:1. По пет одиграни кола, Реал Мадрид се наоѓа на првото место на табелата со 13 бодови.

 

Се вчитува...