Болоња и Џенова ремизираа 2-2 во суперинтересен натпревар со кој беше означен почетокот на петтото коло во Калчо-лигата. Горан Пандев и соиграчите мораат да бидат задоволни од ваквиот исход ако се земе во предвид фактот дека „болоњезите“ двапати поведуваа во второто полувреме, а Џенова стина до 2-2 со голот од пенал на Кришито во 89. минута.
Возбудувањата продолжија до самиот крај, откако „болоњезите“ во 95. минута создадоа две стопроцентни шанси, најпрвин погодувајќи ја гредата, а потоа голманот Сиригу спречи сигурен гол на домаќините со извонредна интервенција. Домашниот тренер Синиша Михајловиќ беше бесен поради судискиот критериум, за по бројните протести пред самиот крај на мечот да заработи и црвен картон.
Горан Пандев не беше стартер за Џенова, Македонецот влезе во игра на средината од второто полувреме, но не успеа да влезе во посериозна шанса за гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА