Мартин Томовски повторно бранеше извонредно на голот на Вардар, со бројни успешни интервенции помагајќи му на македонскиот првак да го скрши отпорот на Брест Мешков.
Македонскиот репрезентативец беше задоволен од првата победа во ЛШ, но истовремено и најави уште подобри изданија од „црвено-црните“ во иднина.
„Пресуден беше почетокот, го отворивме одлично натпреварот и создадовме разлика што потоа знаевме како да ја контролираме. Точно е, имавме и падови, но ние сме нова екипа, јас сум убеден дека ќе напредуваме, овој Вардар ќе биде уште подобар. голема благодарност до публикта за поддршката што ни ја даде“, изјави Мартин Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА