Возачот на Ферари, Шарл Леклер трката за големата награда на Русија која ќе се вози во Сочи ќе ја почне од последната позиција. Монтежанецот ќе биде приморан да го промени моторот, односно дел од погонската единица.
За Леклер ова ќе биде четврта промена сезонава, а според правилата без никаква казна секој возач во најбрзниот цикруз на светот има право само по три пати да ја промени во текот на една сезона.
Трката за големата награда на Русија која ќе се вози во Сочи, е закажана за 26. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА