Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска објави дека ги удвоила паричните награди за учесниците на Европското првенство во фудбал за жени. На Европското првенство, кое ќе се одржи во 2022 година, 16 репрезентации ќе поделат 16 милиони евра, додека 4,5 милиони евра ќе добијат клубовите, што ќе им овозможат на фудбалерките да се натпреваруваат.
Во машкиот фудбал, 24 селекции оваа година поделија 371 милион евра, а клубовите добија најмалку 200 милиони евра од УЕФА.
УЕФА изјави дека „никогаш не обезбедила повеќе пари во женскиот фудбал“. Инаку, Европското првенство е на програмата во 2022 година во Англија, од 6 до 31 јули, откако турнирот беше одложен за една година поради пандемијата на коронавирус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА