Спортистите од Соединетите американски држави кои ќе учествуваат на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, ќе мора да бидат вакцинирани противв ковид-19.
Правилата налагаат дека од 1. ноември секој вработен, спортист, персонал и други кои пристапуваат до објектите на Американскиот олимписки комитет мора да бидат вакцинирани.
„Овој чекор ќе влијае на создавање сигурно опкружување за спортистите и персоналот и ќе ни овозможи да можеме да правиме планови во подготовката на спортистите“, стои во соопштението на Олимпискиот комитет на САД.
Околу сто од 613 спортисти кои ќе настапат за САД на ЗОИ во Пекинг се уште не се вакцинирани, но ќе мора тоа да го направат до крајот на годинава, доколку сакаат да бидат дел од нив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА