Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума ова лето пристигна во ПСЖ како големо засилување. Италијанецот одлучи да го напушти Милан откако му истече договорот и имаше неколку понуди да ја продолжи кариерата, но на крајот одлучи да потпише за „светците“.
Пред да дојде во францускиот клуб, тој забележа одличен настап на Европското првенство, каде што стана европски шампион со Италија, но не му оди како што планираше и во тимот на Париз. Донарума главно седи на клупата бидејќи Маурисио Покетино одлучи дека Кејлор Навас ќе остане прв голман на ПСЖ, што секако не се очекуваше пред почетокот на сезоната.
Тогаш се шпекулираше дека ПСЖ може дури и да го продаде Навас и дека Донарума сигурно ќе биде првиот голман, но тоа не се случи. Медиумите во Италија веќе пишуваат дека Донарума е незадоволен од неговиот статус и дека не очекувал дека повеќето натпревари ќе ги седи на клупата за резервни играчи. Наводно, тој исто така е подготвен да го напушти клубот доколку тоа не се промени во блиска иднина.
„Калчомеркато“ објави дека Џанлуиџи му рекол на својот агент Мини Раиола дека може да биде во контакт со други клубови бидејќи нема намера да ја загрева клупата на „светците“. Наводно, Раиола веќе е во контакт со челниците на Јувентус, кои внимателно ја следат ситуацијата на Донарума и се подготвени да му понудат подадена рака следното лето доколку неговата ситуација во ПСЖ не се промени.
Донарума исто така се поврза со Јувентус ова лето, но на крајот отиде во ПСЖ кој му понуди повеќе пари. Но, повторно, се покажа дека во фудбалот, парите често не мора да бидат на прво место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА