Стефан Спировски имаше одлично деби во дресот на Мариупол откако македонскиот репрезентативец за само дваесетина минути игра го постигна својот прв погодок за украинскиот тим.
Мариупол денеска гостуваше на тимот на Олександрија, меч на кој токму Спировски го отвори резултатот. По еден слободен удар на гостите топката заврши во гредата, а Македонецот се најде на вистинско место и со глава ја смести во мрежата.
Спировски беше заменет на паузата меѓу двете полувреме, а фудбалерите на Мариупол не успеаја да ја задржат предноста, на крајот губејќи го натпреварот со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

