Абдулхади Јахја: Струга ТЛ има и сила и тим да ја победи Шкендија!

Струга ТЛ и Шкендија во жестока битка за бодови во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Стружани се цврсто решени на домашен терен да дојдат до нова победа, иако се свесни дека ги чека повеќе од тешка задача против бранителот на титулата од минатата сезона.

„Сигурно дека Струга Трим Лум има и сила и квалитетен тим кој може да ја победи Шкендија. Атмосферата во нашиот клуб е на високо ниво, па на терен излегуваме само по три бода. Очекувањата во шампионатот за оваа сезона ни се навистина многу високи па затоа на секој натпревар одиме на победа, без разлика кој е противникот“ – вели еден од најдобрите поединци на Струга ТЛ, Абдулхади Јахја.

Од друга страна и во таборот на Шкендија веруваат дека можат до трите бода…

„Свесни сме дека не чека тежок натпревар во Струга, против тим кој игра исклучително добро посебно на домашен терен. Но, ние се вративме на победите во првенството, врзувајќи два едноподруго триумфи на гостински терен па верувам дека и од Струга ќе се вратиме со три бода“ – вели Валмир Нафиу.

ПРВА ЛИГА – 8. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ

Тетово: РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

Велес: БОРЕЦ – СКОПЈЕ

Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Се вчитува...