„Романтичарите“ по нова победа, Ренова и Брегалница во неизвесен мегдан за бодови

Работнички е во извонредна низа од пет едноподруго натпревар без пораз во елитниот шампионат. „Романтичарите“ посакуваат оваа низа да продолжи и денеска во 8. коло против Пелистер.

По победата над Македонија ЃП, тимот од Дебар Маало атакува на победата против „пелистерци“ но свесни дека нема да биде лесна задача.

„Треба да продолжиме со добри игри во континуитет и против Пелистер. Тоа е тим чија форма оди во нагорна линија, останаа непоразени против Шкендија и против Академија Пандев и ќе треба максимално сериозно да пристапиме на натпреварот ако сакаме победа“ – вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

По триумфот над Тиквеш од 2-0 во претходното коло, и фудбалерите на Брегалница посакуваат продолжување на позитивна низа и на денешното гостување против Ренова во Тетово. Еден од најзаслужните за победата над Тиквеш, крилниот офанзивец Дарко Додев вели дека секој во тимот е подготвен за максимално издание и против Ренова како би се дошло до нов позитивен резултат.

„Не чека навистина тежок натпревар затоа што Ренова оваа сезона отворено покажува дека се работи зa квалитетен тим со одлични резултати. Сигурно домаќините силно ќе атакуваат на победата, но ние носиме и наш мотив за продолжување на позитивните резултати. Одигравме квалитетен натпревар против Тиквеш и треба да продолжиме во тој стил“ – вели Додев.

ПРВА ЛИГА – 8. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ

Тетово: РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

Велес: БОРЕЦ – СКОПЈЕ

Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Се вчитува...