Македонските кикбоксери со две златни и четири сребрени медали од Балканскиот куп во Тешањ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кик-бокс репрезентација запиша уште еден извонреден меѓународен успех со освоени две златни и четири сребрени медали на Меѓународниот кик бокс турнир „Балкан опен“ во Тешањ, Босна и Херцеговина, на кој учествуваа натпреварувачи од десет европски држави.

Македонија во Тешањ настапи со седум кикбоксери од три клуба, при што Марко Тодоров од КБК Шампион од Скопје се закити со златниот медал во К1-сениори (до 63 килограми). Злато освои и Енсар Исеини во категоријата до 83 килограми-постари јуниори во Лоукик.

Сребрени медали освоија Викторија Варадинова, исто така од КБК Шампион, во Лоукик-сениори (до 63 килограми), Туркер Исмаил од КБК Шампион во Киклајт во категоријата постари кадети (до 47 килограми), Давид Јовчевски од КБК Гладијатор од Скопје во дисциплината Киклајт – постар кадет (до 65 килограми) како и Павел Стојчевски од КБК Ас – Делчево во Лајтконтакт во категоријата постар кадет (до 52 килограми).

 

 

 

Се вчитува...