Луис Хамилтон стигна до 100. победа во својата кариера откако во драматичен финиш славеше на Големата награда на Русија пред Макс Ферстапен и Карлос Сајнц со што британскиот возач е единствениот кој успеал да стигне до овој јублилеј. Притоа со денешниот триумф Хамилтон се искачи и на врвот на генералниот пласман со два бода пред Макс Ферстапен.
По трката возачот на Мерцедес имаше пофални зборови за публиката, но и за Ландо Норис кој во поголемиот дел од трката беше лидер на патеката.
„Голема благодарност до навивачите во Сочи. Требаше многу време за да стигнам до 100. победа во кариерата, а не бев ни сигурен дали ќе можам да дојдам до неа. Ландо извозе одлична трка. Денеска имавме одлична публика, не и добри временски услови, но сепак беше одлична трка. Благодарност до сите во Русија кои убаво не пречекаа. Мојот тим на крајот одработи одлично со замената на гумите“, изјави Британецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА