Офанзивниот играч на Лацио, Педро Родригез беше еден од стрелците во победата од 3-2 против Рома во големото дерби на Рим.
Поранешниот шпански репрезентативец летово пристигна во Лацио од Рома, а првото градско дерби во дресот на новиот тим го круниса со гол.
„Дербито беше посебно за мене. Многу сум среќен што победивме. Тоа беше важен натпревар за нас и навивачите. Игравме агресивно во првото полувреме и имавме многу шанси. Многу сум среќен за Лацио. Веќе реков дека овој тим е големо семејство. Ги сакам идеите на Сари, тој сака да притискаме, брзо да ја додаваме топката и да создаваме шанси за гол“, изјави Педро.
Инаку, 34-годишниот фудбалер беше член на Рома во сезоната 2020/21, па токму на оваа тематика Родригез даде свој коментар.
„Јасно ми е дека само неколку играчи имаат постигнато голови и за Рома и за Лацио во меѓусебните дерби дуели. Затоа ми е драго што ова е историски момент во мојата кариера“, изјави Педро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА