Македонец ќе биде комесар за безбедност на дерби-мечот од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Манчестер сити!

Раководителот за безбедност и интегритет во ФФМ, Роберт Марковиќ е одреден да биде Комесар за безбедност на дерби-средбата во групната фаза од Лигата на шампионите во Париз меѓу Пари Сен Жермен и Манчестер сити што ќе се одигра на 28. септември. Огромно признание и одговорност за Марковиќ.

Оваа одлука од европската „куќа на фудбалот“ најдобро говори колку раководните луѓе на УЕФА имаат доверба во претставниците на Фудбалската федерација на Македонија, кон судиите, делегатите, контролорите, кои  успешно ја извршуваат дадената задача на меѓународната сцена. Во текот на септември беа ангажирани контролорите Емил  Божиновски, дури трипати, и Димитар Мечкаровски, судиите Александар Ставрев и Дејан Јакимовски, генералниот секретар Филип Поповски, како директор на мечевите од европските купови во два наврати и Жарко Игњатовски, делегатот Васко Дојчиновски и нашата интернационална судијка Ива Пројковска.

Пред овој натпревар во Париз, Марковиќ оваа година беше Комесар за безбедност и на средбите Андерлехт – Витезе, Клуж – Црвена Звезда и  Шахтјор Донецк – Генк.

Дејан Јакимовски  повторно е ангажиран, на Кипар ќе го суди на 28. септември  мечот на  младите тимови во Лигата на шампионите меѓу АПОЕЛ и Каират од Казахстан.

/М.М/

Се вчитува...