Немања Милошевиќ (34 год, 204 см), кој е повремен репрезентативец на Црна Гора, е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, пресрет на стартот на новата сезона.
Станува збор за искусен крилен центар, кој летово тренираше со тимот на Будуќност, но на крајот не се најде меѓу кошаркарите кои влегоа во првиот тим на црногорскиот шампион. Негов последен клуб е Студентски центар, новиот член на АБА-лигата исто така од Подгорица, а претходно во кариерата има играно за Морнар, Јамбол, Бургас, Бриндиси, Орлеанс, Орадеа, Лукоил и Солнок. Зад себе има две шампионски титули во Црна Гора и една во Бугарија.
Милошевиќ ќе им се приклучи на хрватскиот интернационалец Роберт Рикиќ, како и на Американците Дастин Вер и Хуан Дејвис, кои од почетокот на подготвителниот период се дел од МЗТ Скопје.
Аеродромци сезоната ја почнаа со трофеј во Суперкупот, по саботната победа над Работнички (79-78).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА