Сензација во Мадрид: Шериф поведе против Реал

Фудбалерите на Шериф во првото коло го совладаа Шахтјор, а сега во втората рунда најавуваат уште поголемо изненадување откако први поведоа на гостувањето против Реал Мадрид.

Молдавскиот првак не само што одлично ги затвори приодите кон сопствениот гол, туку и прв дојде во водство откако Јакшибаев одлично се снајде и со прецизен удар со глава го матираше Куртоа.

Бобан Николов се наоѓа на клупата за резерви на Шериф на овој натпревар и би можел да добие шанса во второто полувреме.

Се вчитува...