Шампионот на Македонија во младинска категорија, екипата на Шкендија денеска од 14 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје против сплитски Хајдук го игра првиот натпревар од првото коло во Лигата на шампионите за младинци.
„Црвено-црните“ веруваат дека може до позитивен резултат против Хајдук како за реваншот во Сплит би се останало во игра за пласман во следната рунда натпревари.
Но, и во таборот на Хајдук веруваат во победа…
„Знаеме се за противникот, добро го анализиравме па добро сме подготвени за тоа што не очекува во Македонија. Сакаме да дојдеме до победа во Скопје за помирен реванш. Во секој случај желбата е пласман во следната рунда натпревари“ – вели тренерот на Хајдук, Марјан Будимир.
Реванш-дуелот меѓу младинските тимови на Шкендија и Хајдук се игра на 20. октомври во Сплит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА