Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, по синоќешната нова бламажа на Барса во ЛШ и убедливиот пораз од Бенфика со 3-0, вели дека не се откажуваат од идејата за пласман во следната фаза.
Според Де Јонг, преостануваат уште неколку натпревари кои ќе бидат сосема доволни за рехабилитација на формата на Барса, а со евентуален позитивен резултат тој е уверен дека неговите соиграчи ќе задржат и надежта за останување во најелитното натпреварување.
„Има уште многу натпревари пред нас. Ако ги освоиме, ќе имаме шанса. Се уште верувам дека можеме да ја минеме групата. Мораме да продолжиме да се бориме, да останеме обединети и да излеземе од оваа ситуација. Единствениот излез е да работиме напорно и да се држиме заедно“, изјави Де Јонг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА