НБА лигата донесе правило дека секој кошаркар кој нема да сака да се вакцинира, а во текот на сезоната се зарази и поради тоа ќе мора да пропушти дел од натпреварите нема да биде платен за тие мечеви на кои нема да настапи.
Иако околу 90 отсто од кошаркарите во лигата се вакцинирани има и такви кои јавно се против вакцинација, а меѓу нив најгласна е ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг. Сепак, од НБА се децидни кога е во прашање вакцинацијата.
„Секој играч кој ќе одбере да не се вакцинира и да се однесува во склад со препораките од локалните власти нема да биде платен за натпреварите кои ќе ги пропушти“, изјави Мајк Бес, извршниот потпретседател на НБА за комуникации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА