Манчестер Јунајтед стигна до првата победа во овогодишното издание на Лигата на Шампоните откако на домашен терен славеше над Вилјареал со 2-1. Гостите го отворија мечот со голот на Алкасер, но до крајот „црвените ѓаволи“ успеаја да го го превземат водството преку Телес и Роналдо.
Еден од оние кои го проследи натпреварот од клупата беше Дони ван де Бек кој сеуште не може да го најде своето место во тимот, но Холанѓанецот се најде во центарот на вниманието со реакцијата по замената во 89. минута од мечот кога пред него шанса доби Фред.
At this point I just feel sorry for Donny Van de Beek 😔 pic.twitter.com/0E6yD8EdUx
— Bradley 🇮🇹 (@UTDBradleyy) September 29, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА