Хаслер од швајцарски Тун го предводи списокот на Лихтенштајн за мечот со Македонија

Селекторот на Лихтенштајн, Мартин Штокласа го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари со Македонија и со Исланд во октомврискиот прозорец.

Списокот е предводен од капитенот Николас Хаслер кој игра во швајцарски Тун, а меѓу интернационалците се и дефанзивците Малин од австриски Ранквил, како и искусниот фудбалер од средниот ред Мартин Бухел, кој има 88 настапи за националниот тим.

Натпреварот Лихтенштајн – Македонија се игра во Вадуц на стадионот „Рајнпарк“ на 8. октомври со почеток од 20:45 часот.

СПИСОКОТ НА ЛИХТЕНШТАЈН ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ НАТПРЕВАР СО МАКЕДОНИЈА:

ГОЛМАНИ: Б. Бухел, Ло Русо, Мајер

ОДБРАНА: Брандл, Хофер, Кауфман, Малин, Гопел, Груненфелдер, А. Максер, М, Максер, Спириг, С. Волфингер, Јилдиз

СРЕДЕН РЕД: Селе, Ф. Волфингер, Бухел, Фромелт, Николас Хаслер, Мејер,

НАПАД: Ноа Фрик, Јаник Фрик, Кардезоглу, Салановиќ.

Се вчитува...