Французинот Оливие Нијокас е избран во тимот на 3. коло во ракометната Лига на шампиони. Тој беше еден од клучните ракометари за триумфот на Вардар над Алборг од 30-28 откако беше стрелец на седум гола.
Покрај Нијокас во идеалниот тим се наоѓаат и Родриго Коралес и Гаспер Маргуч од Веспрем, Хуго Деска и Килијан Вилјемино од Монпелје, Иманол Гарсиандиа од Пик Сегед и Виктор Итуриза од Порто.
Изборот на Европската ракометна федерација за најдобрите на 3. коло во Лигата на шампионите можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА