Ракометарите на Еурофарм Пелистер очекувано стигнаа до убедлива победа над тимот од Радовиш, па со резултат од 42-22 запишаа нова победа со која освоија вкупно 12 бода и на овој начин се изедначија со лидерот Вардар 1961.
Домаќините доминираа уште на самиот почеток, па ја најавија победата уште во првото полувреме, покажувајќи целосна доминација, па по триесет минути игра имаа позитива од девет гола 19-10.
До крајот на мечот ракометарите на Еурофарм рутински одиграа и ја заверија оваа победа. Мараш Матео со девет гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај Радовиш се истакна Вујниќ Александар како најдобар стрелец со постигнати осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА