РК Охрид вечерва ги исполни очекувањата откако успеа да издвои победа над тимот од Скопје во рамки на ракометната Суперл-лига (37-25).
Домаќините својата фаворитска улога се обидуваа да ја покажат уште во првите 30 минути, но гостите не дозволија големо одлепување на разликата, па на пауза се замина со резултат од 18-15 за Охрид.
До крајот на мечот ракометарите на Охрид ја превземаа играта под своја контрола, па не дозволија било какво изненадување, успевајќи да заверат победа за нови 3 бода на табелата и израмнување со лидерот Вардар 1961, кој има 12 гол, но и натпревар што во моментот го игра против Бутел од Скопје.
Кај домаќините листата на стрелци ја предводеше Николов Филип со шест гола, додека кај гостите се истакна Мишевски Марио со девет.
Вечерва и ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 обезбедија голема победа на гостински терен против незгодниот тим на РК Прилеп, па на крајот успеаја да слават со резултат од 24-30.
Уште во првото полувреме работите веќе беа познати, гостите не оставија никаква дилема за тоа кој ќе ги понесе трите бода, па на пауза заминаа со висока разлика од 6 гола.
До крајот на мечот ракометарите на Еурофарм 2 рутински одиграа и ја запечатија оваа победа. Атанасијевиќ Павле со седум гола беше првото име во победничкиот табор, додека кај Прилеп се истакна Чантурија Реваз како најдобар стрелец со постигнати дванаесет гола.
РК Еурофарм 2 по оваа победа има 12 бода и на овој начин се изедначи со лидерот Вардар 1961.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА