Фудбалерите на Болоња успеаја да ја прекинат низата од три натпревари без победа откако на домашен терен славеа против Лацио со 3-0 во седмото коло од италијанското првенство.
Болоња победата ја „осигура“ уште во првото полувреме со головите во 14. и 17. минута, а потоа во вториот дел од мечот стигна и до предност од 3-0 со погодокот на Хики во 68. минута од мечот. Крајот на надежите за можно враќање на Лацио се случи во 76. минута кога Акерби доби црвен картон и го остави својот тим до десет фудбалери на теренот.
За Болоња ова е третата победа во Серија А оваа година, додека Лацио го забележа и вториот пораз во натпреварувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА