Шкупи дојде и до шестата победа сезонава во Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи со 2-0 против Работнички во 9. коло за осамено издвојување на лидерската позиција на табелата.
Чаирчани победата ја најавија уште во раната фаза од натпреварот, со погодокот на Сандеј уште во 10. минута од средбата.
Во второто полувреме Трапановски погоди во 75. минута за конечни 2-0.
Натпреварот го одбележа и тешката повреда на капитенот на Шкупи, Фати Исмаили уште во 9. минута од средбата по која беше принудно заменет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

