Баерн Минхен се „сопна“ – Франкфурт со три бода заминува од Минхен (ВИДЕО)

Баерн Минхен го претрпе првиот пораз во Бундеслигата откако загуби на домашен терен од Франкфурт со 1-2. „Баварците“ стигнаа до предност во 29. минута преку Горецка, но на асистенцијата на Костиќ, Хајтерегер успеа да го изедначи резулатот пред полувремето.

Во текот на второто полувреме Баерн Минхен постојано напаѓаше, но Франкфурт беше оној кој успеа да ја протне топката низ мрежата во 83. минута со голот на Костиќ за три бода на гостинскиот состав.

 

Се вчитува...