Второлигашот ГФК Охрид се раздели со досегашниот тренер Драган Бочески поради лошиот старт на сезоната.
За негов наследник е назначен Пепи Џигероски кој ќе го води тимов во следниот период.
„ГФК Охрид Лихнидос ја известува пошироката фудбалска јавност дека поради лошите резултати на почетокот на сезоната, клубот спогодбено ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручен штаб Драган Бочески. За нов Шеф на стручен штаб е назначен Пепи Џигероски. И на двајцата им посакуваме успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението на ГФК Охрид Лихнидос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА