Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за октомвриските квалификациски натпревари за пласман на Европско првенство 2023. Нашата селекција на 7. октомври игра против Фарски Острови во Клаксвик, а четири дена подоцна гостуваме во Ереван против Ерменија.
Селекторот на репрезентацијата, Драги Канатларовски се соочува со низа проблеми поради неиграњето на неколку стандардни првотимци. Метју Божиновски и Стефан Чолаковски поради административни Ковид-19 протоколи и ограничувања не беа во можност да допатуваат од Австралија. Поради повреда отпаднаа Агон Елези и Енис Фазлагиќ.
Селекторот Канатларовски прати дополнителен повик за Иван Николов од Вардар и Димитар Тодоровски од Работнички. Двајцата веќе се приклучија на репрезентативниот тим.
Репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Драги Канатларовски во воведните две кола од квалификацискиот циклус загуби од фаворитот Франција со 3-0 и одигра нерешено без голови против Србија на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА