Ерлинг Халанд важи за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата. Откако во првата сезона во Борусија Дортмунд постигна 41 гол на 41 одигран натпревар, оваа сезона ги предводи „милионерите“ со 11 гола на осум одиграни натпревари со што ја продолжи фантастичната голгетерска форма.
Ветувачката кариера на Норвежанецот е препозната уште на 13-годишна возраст, пред да дебитира како 15-годишник во Втората лига во Норвешка и да постигне девет голови во натпреварот против Хондурас од Светското првенство за играчи до 20 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА