Мотивирани, оптимистички расположени, желни за победа… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација под водство на Благоја Милевски во комплетен состав, со исклучок на Енис Барди кој поради повреда и тоа како ќе недостасува во тимот, ги одработува тренинзите за октомвриските квалификациски дуели за пласман на СП 2022 против Лихтенштајн и Германија.

Максимално мотивирани, и тоа како стимулирани, оптимистички расположени и желни за победа на гостувањето против Лихтенштајн на 8. октомври избраниците на Милевски минуваат низ неколкудневните мини-подготовки.

Секој од репрезентативците недвосмислено ја потврдува желбата за три бода од Вадуз како дополнителен мотив потоа за вистинско надигрување со големиот фаворит Германија на 11. октомври на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

 

 

Се вчитува...