Грчки фудбалер пронајден мртов во автомобил

Грчкиот фудбалер Никос Цуманис утрово е пронајден мртов во автомобил во местото Каламариа во близината на Солун.

Полицијата веднаш пристигнала на лице место, а вештачењето покажало дека смртта настапила со давење.

Семејството го пријавиле неговото исчезнување во понеделникот попладне, а во вторник наутро пронајдено е безживотното тело.

Постои сомнеж дека станува збор за убиство со оглед дека 31-годишниот Цуманис е пронајден со пластично кесе на главата и со врзани раце зад грбот. Полицијата веднаш отворила истрага.

Цуманис во минатото беше дел од Арис, а играше и за Македоникос, Ксанти, Керкира, Пантракикос и Верија. Во последните две години беше дел од Аполон Понту. Играше на позиција лев бек.

Се вчитува...