За време на натпреварот помеѓу Фиорентина и Наполи од седмото коло во италијанското првенство домашните навивачи ги навредуваа фудбалерите на тимот од Неапол, Калиду Кулибали и Виктор Осимен на расна основа по што следеше бурна реакција на Апенинскиот полуостров.
Еден од многуте кои проговореа на оваа тема беше и капитенот на „аѕурите“, Џорџо Кјелини кој вели дека се осетил посрамотено како Италијанец.
„Потребни ни се закони и правила кои се однесуваат на овој проблем. Како Италијанец се посетив посрамотено. По моето мислење, Италија не е расистичка држава. Мора да се превземе нешто бидејќи со вакво однесување шириме лоша слика за себе“, изјави Кјелини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА