Залудна тужбата на Милан, УЕФА повторно го делегираше Чакир

Минатата недела Милан упати тужба за делењето на правдата на судијата Џунејт Чакир на средбата со Атлетико Мадрид. Од таборот на „росонерите“ сметаа дека тој е виновникот за поразот 1:2, со што се жалеа до УЕФА.

Иако европската куќа на фудбалот најави дека ќе го суспендира, сепак, тоа не се случува. Барем не засега.

УЕФА му додели веднаш нова работа и тоа го делегираше на квалификацискиот натпревар од групата Ј каде што е и Македонија. Тој ќе ја дели правдата во Хамбург на дуелот Германија – Романија.

Тоа значи дека барем засега Чакир останува да суди, а можеби ќе се размислува за суспензија од натпреварите од Лигата на шампионите.

Се вчитува...