Младата репрезентација на Македонија денеска од 15 часот во Класвик игра против Фарски Острови во рамките на групата Х од квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 кое ќе се одржи во Романија и Грузија.
Избраниците на Драган Канатларовски по првите два одиграни натпревари во групата имаат еден освоен бода, додека противникот во досегашниот тек од квалификациите освои 4 бода. Посебно изненадувачки е одиграното реми на домашен терен против апсолутниот фаворит во групата, селекцијата на Франција, што доволно зборува дека ниту најмалку не се аутсајдери во групата.
„Максимално сме фокусирани на натпреварот со Фарски Острови, со нетрпение го очекуваме утрешниот дуел. Имаме доволно време да се прилагодиме на временските прилики тука, и да се подготвиме што подобро за мечот. Идеме чекор по чекор, верувам во моите соиграчи, имаме квалитет и доколку одиграме како што од нас очекува селекторот, ке ја оствариме целта, а тоа е да се вратиме дома со три бода. Нема да биде лесно, во денешниот фудбал нема слаба репрезентација, истото важи и за нашата група. Фарски Острови е незгодна селекција, поготово кога игра на домашен терен. Играме на мал стадион, со вештачка трева, нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе за да ги освоиме трите бода“ – вели Али Адем.
Во останатиот денешен натпревар од Групата Х, Ерменија ја пречекува Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА