Македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски е прогласен за играч на второто коло од романското првенство. Неверојатната партија против Рапид Букурешт и првиот трипл-дабл во кариерата на Андреј Магдевски не можеа да останат незабележани во оној статистички сегмент во најсилната лига на Романија.
Секако поради својата ол-раунд изведба, во која за за 30 минути на теренот во дуелот со Рапид од Букурешт, искусниот бек постигна 13 поени, 13 асистенции и 10 скока. Се заедно доволно за индекс 30.
Неговата игра е главната причина што Плоешти има две победи по првите две кола од новата сезона во романскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА