Драган Канатларовски – Цапар, селекторот на репрезентацијата до 21 година го одреди составот кој ќе настапи денеска во 15 часот на гостувањето во Фарски Острови.
Младата репрезентација тргнува по победа со офанзивна формација, онаа стандардна која младата селекција ја играше и на последните натпревари.
Цапар се одлучи за Денковски на голот, а во одбраната Антовски, Младеновски, Манев и Хајдари. Како последен играч за врска ќе дејствува Ферати, додека нешто понапред Воша, Адем и Трајкоски. За Рустемовски и Ѓорѓиевски во нападот се одлучи селекторот, иако во текот на играта може формацијата и тактиката да претрпи промени во зависност од резултатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА