Женската ракометна репрезентација претрпе пораз од 29-22 на денешниот дуел со Црна Гора, на дебито на Љубомир Савевски на кормилото на националниот тим.
Црногорките ја оправдаа улогата на фаворит, но „црвено-жолтите“ во долги периоди од мечот умешно му парираа на поквалитетниот противник. На крајот, пресуди искуството и квалитетот, а нашите млади ракометарки добија лекција од која ќе се извлечат многу поуки за во иднина.
Долг е патот до успехот, особено кога селекцијата дополнително се помладува, но Савевски има визија, точно знае што сака, за во следните 12 месеци да состави силен колектив што достојно ќе го претстави мак-ракометот на европското првенство на кое една од групите ќе се игра во Скопје.
Првите чекори се најтешки, патот до успехот секогаш е долг, но овој пораз не смее да внесе песимизам бидејќи најдоброто од оваа селекција допрва следи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА